Свет
10. January 2017 - 14:15

Двоен самоубиствен напад во Кабул

Два автомобил-бомби, во кои се наоѓале бомбаши-самубијци, попладнево експлодираа во авганистанскиот главен град Кабул, јави ДПА. 

Автомобил марка „Тојота“ натовраен со експлозив експлодирал во близина на зградата на авганистанскиот Парламент. По пристигнувањето на припадници на безбедносните сили и екипи на брзата помош, на истото место екслпдирал и вториот автомобил-бомба.

Претставникот на локалната полиција Ахмад Вали Сабури соопшти дека во двете експлозии има жртви, но дека засега нивниот број не е познат.

Набрзо по двете експлозии се огласи претставникот на талибанците Забиула Муџахид, кој презеде одговорност за двојниот напад во иметот на оваа исламиситчка организација.