Loading Video...
Македонија
16. February 2025 - 16:52

Двојни стандарди за ЕУ интеграции

Македонија е жртва на билатералните спорови кои го прават нашиот пат до ЕУ многу комплексен. Наместо систем на заслуги се соочуваме со двојни стандарди, кои не ги претставуваат европските вредности - премиерот Христијан Мицкоски со остри пораки до Брисел  на затворањето на безбедносната конференција во Минхен. Сепак порача дека и покрај бројните предизвици, стратешка цел на владата останува полноправното членство во ЕУ.

Ги потсети во Брисел дека иако Македонија има целосна усогласеност со европската регулатива и дава поддршка на Украина по руската агресија,  челнициво ЕУ  не говорат гласно кога се негира македнскиот идентитет, онака како што реагираат кога се напаѓа украинскиот.

Време е пристапниот процес да се придвижи напред, не само за Македонија туку и за останитите земји од регинот,. Сакаме Западен Балкан да биде дел од ЕУ, а тоа е важно за мирот и безбедноста, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос. Најавува дека до крајот на мандатот две земји ќе го завршат процесот.

Има разлики меѓу земјите од Западен Балкан, но во текот на нашиот мандат сакаме да ги завршиме пристапните преговори со две или три држави, што значи затворање на сите преговарачки поглавја. Водејќи се според мерит-системот досега, Црна Гора и Албанија предничат, но кога ќе има придвижување со Северна Македонија и Северна Македонија може брзо да напредува, рече Кос.

За Албанија кој го продолжи патот кон Брисел самостојно, ЕУ треба да разбере дека Западниот Балкан е одлична почва на можности на која мора соодветно да одговори.

Ниту првата средба на шефовите на дипломатии на Македонија и Бугарија не навестува надминување на билатералните проблеми. Бугарија побара итно внесување на бугарите во македонскиот устав, за чекор напред на македонските интеграции. Македонија црвсто одговори дека мора да запре говорот на омраза, потребен е дијалог и взаемна почит.