Џафери: Албанската азбука е голем дар, амaнетот да се чува тој дар е уште поголем
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска испрати честитката по повод Денот на албанската азбука – 22 Ноември.
– Почитувани граѓани припадници на албанскиот народ, со особена радост сакам да го честитам празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука, кој е востановен по денот кога се одржал Битолскиот конгрес на кој албанските интелектуалци собрани од сите страни, по девет дневна неуморна работа излегоа со најскапоцениот дар за еден народ – унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, посебностите и пишаната и испеана фолклорна традиција, која дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици. Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем, се вели во честитката.
Џафери апелира до сите претставници на политичкиот дијапазон, до институциите кои се основани за водење грижа за овој дар, до пишаните и електронски медиуми, до административните, просветните работници, со свој пример да придонесат во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик со сета негова убавина, богатство и посебност.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок