Џафери: Бошњаците се неделив дел од јадрото на нашата заедничка држава
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјава по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
-Почитувани граѓани, припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија, дозволете од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците со желба празничниот ден да го поминете во добро здравје и расположение, во семејна благосостојба и напредок на Вашите најмили, стои во честитка.
Според Џафери, ова е веројатно најтурбулентниот период од последната светска историја и веројатно текот и развојот на настаните ќе остави глобални последици по светскиот мир и демократија.
-Заканите по здравјето и економијата секако ги почувствувавме, меѓутоа, предизвиците сигурно не завршуваат тука. На повидок е фаза на повторно тестирање на нашата сплотеност, подготвеност и искуство како држава, како институции и како граѓани на Република Северна Македонија во надминување на тешкотиите и изнаоѓање на решенија прифатливи за сите. Затоа, со целосно разбирање и почит на различностите како јазикот, културата, фолклорот и традицијата на секоја етничка заедница која е неделив дел од јадрото на нашата заедничка држава, да бидеме пример за тоа како се гради мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, заеднички дом за сите. Само така ќе ја оствариме нашата заеднички цел да имаме сигурна и безбедна иднина за нашите идни поколенија, наведува Џафери во честитката.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
