Џафери денеска ја добил интерпелацијата и седницата ќе биде закажана согласно роковите и процедурите

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието, соопшти неговиот кабинет.
Интерпелацијата треба да биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако нема одговор во рокот интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.
Во соопштението од кабинетот се објаснува процедурата откако ќе биде доставена интерпелација до Собранието и кога треба да биде закажана седницата.
-Според Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците. Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата. (член 46) Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. (Член 47) Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот, се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Ново на Сител
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
