Џафери го очекува ребалансот на Буџетот, интерпелациите за Маричиќ и Николовски до 8 јуни
Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува до 8 јуни да се најде на дневен ред на следната седница барем една од двете интерпелации поднесени за министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.
Џафери на денешниот брифинг со новинарите, информира дека до крајот на овој месец се очекува ребалансот на Буџетот да стигне во Собрание.
– Деновите кога ќе се разгледува ребалансот на Буџетот во Комисијата за финансирање и буџет, тие 10 дена Собранието нема да заседава, информира Џафери.
Во однос на тоа дали има најави за блокада од страна на опозицијата, Џафери посочи дека не може да се раководи од претпоставки. Засега, вели, нема таква најава, но не го исклучува тоа како можност.
Прашан кој е неговиот став околу изборот на моделот за изборни единици, тој рече дека една изборна единица е несоодветен модел за карактеристиките на нашето општество и држава. Идеален модел, според него, нема, но, моделот за шест изборни единици, како што вели, е најоптимален.
За Законот за бесправно изградени објекти, Џафери вели дека е должен во рок од 30 дена да го врати повторно на разгледување во Собранието.
– На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде на дневен ред, информира Џафери.
Тој најави дека наредната седница се очекува да се одржи во редовната сала, но за тоа, како што рече, треба да дадат препорака Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка