Џафери на конференција во Прага, главна тема руската агресија врз Украина и одговорот на ЕУ
Руската агресија врз Украина и одговорот на ЕУ во поширок геополитички контекст, ќе биде првата тема на Конференција на претседатели на парламенти на земјите членки на ЕУ, која ќе се одржи денеска и утре во Прага, а на која ќе учествува и претседателот на Собранието Талат Џафери. На конференцијата, која е во е во организација на двата дома на Чешката Република, ќе учествува и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, како и претседателите на парламентите на земјите-кандидати за членство.
- Втората тема ќе се фокусира на улогата на ЕУ во глобалната соработка меѓу демократските држави и прашањето за зависноста на земјите-членки на ЕУ од тоталитарните режими, соопштуваат од Собранието
Предвидено е со Конференцијата да претседаваат претседателот на Сенатот Милош Вистрчил и претседателката на Домот на пратеници на Чешката Република Маркета Пекарова Адамова.
- Со овој настан ќе заврши парламентарната димензија на чешкото претседателство со Советот на Европската унија, која траеше од 1 јуни до 31 декември 2022 година, велат од законодавниот дом.
На крајот на Конференцијата ќе бидат усвоени Заклучоци на претседателството, кои, како што велат од Парламентот, имајќи ја предвид важноста на иницираните прашања, ќе содржат предлози и насоки за идни активности.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп