Џафери-Накане: Јапонија и Македонија имаат голем потенцијал за соработка

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со државниот министер за надворешни работи на Јапонија Казујуки Накане.
На средбата, како што соопштуваат од прес-службата на Собранието, Џафери ја изразил својата благодарност и задоволство од посетата на јапонска делегација по повод отворањето на Амбасадата на Јапонија во Република Македонија и изрази надеж дека ова ќе биде добра можност за интензивирање и продлабочување на заемните односи помеѓу двете земји.
Џафери истакнал дека отворањето на Јапонска амбасада ќе биде поттик за понатамошна посилна соработка, а географската оддалеченост не треба да биде пречка во развојот на севкупните односи на двете земји.
На средбата Џафери го информира јапонскиот министер дека е формирана парламентарната група за соработка со Јапонија при што е нагласено дека главниот акцент на соработка меѓу двете земји треба да биде во областа на економијата, образованието и културата.
Накане истакна дека Јапонија и Македонија имаат голем потенцијал за соработка во многу области. Тој упати поддршка за новата македонска Влада како прв чекор што води кон стабилизација, како и поддршка кон евроатланските интеграции на Република Македонија.
Јапонскиот министер, потенцирајќи ја важноста на економската соработка меѓу двете страни го информираше претседателот на Собранието за помошта на јапонската Влада во областа на медицината, а исто така најави и помош во многу проекти во областа на справување со непогоди и катастрофи како што се поплави, пожари и слично.
Накане изрази задоволство од унапредувањето во образовната сфера и зголемување на интересот за изучување на јапонскиот јазик во Република Македонија.
На крајот и двајцата соговорници ја искажаа својата подготвеност да работат на унапредување и зајакнување на соработката меѓу двете земји, соопшти собраниската прес-служба.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
