Џафери: Потпишувањето на указот за Иванов не е алтернатива,туку обврска

Се очекува законот за јазиците да стапи на сила и со тоа да се заокружи нормативниот дел што произлегува од Охридскиот договор, вели претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за „Гласот на Америка“.
Најавата на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот Џафери го оценува како неспроведување на уставните обврски.
„Уставот не остава можност за алтернатива дали ќе го потпише законот или не, туку тоа е обврска во согласнот на член 75 од Уставот. Моментално чекам да помине предвиденото време. Доколку во првиот случај предвидениот рок е седум дена, со аналогија и во овој сучај треба да е исто. А поради тоа што произлегува како обврска, и обврската нема рокови и Уставот не предвидува рокови за применување на истото. Значи дека тоа е негова обврска“, рече Џафери.
Во однос на инцидентот поттикнат од поранешниот премиер Никола Греувски во текот на гласањето на законот за јазиците, Џафери посочува дека според деловникот на Собранието не се предвидуваат некакви казнени санкции за однесувањето на пратениците во собраниската сала.
„Поради ова сметам дека не треба да се мисли во таа насока, бидејќи за пратениците единствена одговороност е моралната и политичката одговорност која се изразува на парламентарни избори. Јасна е сликата и која е казната за Никола Груевски на парламентарните избори во 2016 и на локалните избори во 2017“, посочува Џафери.
Во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене интерпелација за него во однос на начинот на гласање за законот за јазици, Џафери вели дека ВМРО-ДПМНЕ го избрала медиумскиот пат за комуникација и дека во Собранието немаат поднесено никаков материјал во врска со тоа.
Во однос на заканувачките собири пред куќите на пратениците од СДСМ, Џафери смета дека во моментот кога правото за протест се претвара во насилство и го загрозува животот на некого тоа веќе не е протест.
„Тоа е казниво дело и е одговорност на соодветните институции, кои мора да го обезбедат животот и имотот не само на пратениците, туку и на секој граѓанин во Република Македонија“, вели Џафери во интервју за „Гласот на Америка„.
Според него овој начин на однесување може да има негативно влијание врз одлуките на Брисел за почнување на преговори со Македонија за членство во ЕУ.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
