Џафери: Првиот сигнал за техничка влада Собранието треба да го добие на 30 декември
Првите сигнали дека ќе има техничка влада и стои договореното за предвремни избори на 12 април, парламентот ги очекува на 30 и 31 декември, вели претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите. Засега, вели Џафери, нема информации дека ќе има некакво одложување. Седницата за избор на техничка влада останува на 3 јануари, а распуштањето на 12 февруари.
Собранискиот спикер потврди дека измените на изборниот законик на помалите партии за 1 изборна единица се веќе доставени до пратениците и предлогот ќе биде ставен на седница, но не прецизира кога тоа би било направено.
- Не навлегувам во гласањето, но лично мислам дека за изборен законик потребно е да има општ конзенсус. Мислам дека во таков покрет за измена на изборен модел не се влегува на еден месец пред истекот на мандатот на оној состав. Не е само гласањето туку е сложена операција - рече Џафери.
Тој го потврди и својот став дека не треба да се свикува седница по распуштањето на парламентот доколку протоколот за членство на НАТО стигне по распуштањето на Собранието. Сепак, вели дека најновите информации од Шпанија се дека протоколот би бил ратификуван од нивниот парламент во јануари, па Македонија тоа ќе може да го направи пред 12 февруари.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи