Џафери: Сплотени можеме да носиме одлуки кои ќе значат напредок на државата
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до православните верници по повод големиот хирстијански празник Велигден.
- Празниците оваа година се поклопуваа или се менуваа едни со други наизменично и тоа побуди во секој од нас некое свечено чувство кое што охрабрува и влева надеж во подобро утре. Постевме заедно, иако на друг начин и со различно времетраење, споделувавме ифтарски трпези заедно, со негување на обичаите и традицијата, како што било и убеден сум ќе биде и во иднина. Само така потврдуваме на дело дека заедно можеме и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите низ кои што поминува човештвото, наведува Џафери.
Само така, додава тој, сплотени можеме да носиме одлуки кои ќе значат напредок и развој на Република Северна Македонија, нејзина економска и енергетска безбедност и безбедност на нашите граници и граѓани.
- Сега, повеќе од кога било се потребни зборови на надеж, верба, меѓусебна почит и разбирање, солидарност, хуманост, пожртвуваност и сплотеност. Сега повеќе од кога било светот има потреба од тоа да бидеме подобри луѓе за себе, за сограѓаните и за нашата земја, вели Џафери во честитката.
Ново на Сител
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
-

Лицата со ретки болести бараат континуитет во терапијата
-

Радев апсолутен победник на изборите во Бугарија
