Џафери: Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание до сите граѓани на државата.
-Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение, се наведува во честитката.
Тој воедно повикува заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата.
-Борбите на народите се менуваат низ годините, начините на борба исто така се менуваат согласно со современите предизвици што ги носи брзиот технолошки развој. Меѓутоа, едно остануваа исто засекогаш а тоа е, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, односно да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата, стои во честитката на претседателот на Собранието Талат Џафери.
Ново на Сител
-

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност
-

Уапсен 19-годишен Македонец осомничен за обид за убиство во Будва
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
