Џамбаски до Петков: Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во реакција до новиот бугарски премиер Кирил Петков и најавите за нов пристап во односите со Македонија, вели дека Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот.
– Бугарија веќе неколку дена има новоизбран премиер. За жал, една од првите вести во западниот печат ни соопштува дека ставот на Владата за прашањето на Македонија почнува драматично да се менува. Можеби ова е дел од надворешниот притисок или насловите биле некако изменети. Но, премиерот Петков должи итно објаснување, бидејќи бугарскиот став на темата Македонија не може да се смени. Тој почива на основниот факт дека Македонија е Бугарија, втора бугарска држава на Балканот, како што ние од мојата партија постојано изјавуваме, вели Џамбаски.
Бугарската позиција, продолжува Џамбаски, не може да биде променета поради притисок од некои западни партнери или од некоја конјунктура, па дури и од финансиите од европските фондови.
– Ова не може и не треба да се случи. Премиерот Петков должи итно објаснување. Во спротивно, ќе мислиме дека подлегнува на притисокот на антибугарските сили и оти игра според нотите на странски агентури и странски земји кои се обидуваат да ја нарушат бугарската позиција за Македонија. Тоа е неприфатливо и недопустливо. Бугарија е над сè, но Македонија е дел од Бугарија. Да живее Бугарија! Македонија е Бугарија, се вели во пораката од евроамбасадорот Џамбаски до премиерот Петков.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
