Џенифер Лопез со нов албум и нов филм
По речиси 10 години, латино-поп ѕвездата Џенифер Лопез издава нов албум, со наслов „This Is Me... Now“. На истиот ден - 16 февруари 2024 година, и истоимениот автобиографски документарно-музички филм ќе почне со прикажувањата, објави пејачката на Инстаграм.
„Кога бев мала, и кога ќе ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам, мојот одговор секогаш беше - вљубена“, вели Лопез во последниот кус трелер за филмот.
Режисер на филмот е Дејв Мајерс, а тоа ќе биде „екстравагантна визуелна и звучна гозба со импресивна кореографија, костими и бројни ѕвезди во камео улоги“, според описот.
Меѓу насловите на новите песни, пак, е и „Dear Ben Pt. II“, најверојатно посветена на нејзиниот сопруг, глумецот Бен Афлек, со кого ја обнови врската по 20 години разделба и повторно се венчаа во јули лани.
Латино-пејачката и глумица досега глумела во 10-ци филмови, а има издадено осум студиски албуми, три компилациски албуми, една ремикс-компилација, еден со филмска музика, 65 сингл-песни, пет компзиции за хуманитарни цели и 12 песни за промотивни цели. Сѐ на сѐ, познатата Џеј Ло има продадено повеќе од 80 милиони плочи.
Ново на Сител
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници