Џери Адамс: Премиерот Тереза Меј го загрозува мировниот процес во Северна Ирска
Претседателот на сеирската, републиканска -католичка партија Шин Феин, Џери Адамс изјави дека британскиот премиер Тереза Меј го загрозува мировниот процес во Северна Ирска, со настојувањето да обезбеди договор за поддршка од северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) за својата малцинска влада.
Адамс се сретна и разговараше со Меј околу ситуацијата што е создадена по предвремените парламентарни избори во Британија од 8 јуни, на кои британските конзервативци го загубија мнозинството во Парламентот.
По средбата во Лондон, Адамс го повтори противењето на Шин Феин за правњето на еден ваков договор со ДУП, означувајќи го тоа како „закана и за кревкиот мир„ во Северна Ирска.
Тој смета дека со договорот со ДУП , владата во Лондон ја губи позицијата на „непристрасен и независен„ посредувач и контролор на мировниот процес, што ја има според одредбите на спогодбата од Велики петок во 1998 година, заедно со владата на Република Ирска.
-Наместо да ги надгледува состојбите во Северна Ирска и да посредува во кризни ситуации, британската влада се поврзува со една од страните во мировниот процес, со најголемата унионистичка- протестантска партија, од која треба да зависи владиниот опстанок- вели Џери Адамс.
Премиерот Меј, инсистира дека договорот со ДУП го манифестира „единството на земјата„ залагајќи се за обединетост на Британија, пред почетокот на преговорите со ЕУ, за Брегзит.
Шин Феин и другите партии во Белфаст, меѓутоа, ги отфрлаат таквите објаснувања на Меј, тврдејќи дека се прикршуваат одредбите од спогодбата, постигната пред 19 години.
Вакви предупредувања доаѓаат и од британската политичка сцена. Поранешниот премиер, ториевецот Џон Мејџор јавно и порача на Меј дека договорот со ДУП не и носи добро на Северна Ирска, а со слична реакција се огласи и некогашниот министер за Северна Ирска, лабуристот Питер Хеин.
ДУП денеска соопшти дека „нема краен рок„ за постигнување договор со конзервативците на Меј.
Тоа значи дека преговорите кои неочекувано се оддолжија, продолжуваат , иако од партијата на премиерот Меј највуваа дека работите би можеле да бидат завршени во текот на денешниот ден.
Меј нема голем маневарски простор, па доколку нема договор со ДУП, може да бара нов партнер, а него го нема во сегашниот Парламент, да го врати мандатот, што би го презел лидерот на лабуристите Џереми Корбин, или да се оди на нови парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ