Џими Картер по вторпат ја освои Греми награда

Поранешниот американски претседател, Џими Картер (91) по вторпат ја освои наградата Греми.
Тоа признание на музичката индустрија тој го освои во категоријата за најдобар албум на изговорени зборови за аудио верзијата на неговите мемоари под наслов „A Full Life: Reflections at 90“.
Во книгата мемоари, Картер го опишува неговиот подем во политиката и пораз на претседателските избори 1980 година од Роналд Реган.
Тој исто така, изразува загриженост за состојбата во која се наоѓа светот, особено за последиците на маргинализација на жените.
Картер освои Греви и во 2007 година за „Our Endangered Values: America's Moral Crisis“, аудио верзијата на книгата каде ги изнесе неговите политички погледи.
Оваа година меѓу номинираните во иста категорија беше и 69-годишната панк икона Пети Смит, која и покрај нејзиното широко влијание на музиката, никогаш не освои Греми.
Ново на Сител
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
