Џони Деп проговори за бојкотот на Холивуд
Џони Деп проговори за бојкотот на Холивуд (кон него) во своето прво интервју по губењето на неговата тужба за клевета лани, против британскиот таблоид „Сан“, каде што актерот беше наречен „сопруготепач“.
Во уште една правна битка закажана за следниот април, тој ја тужи поранешната сопруга Амбер Херд за клевета од 50 милиони американски долари, која произлезе од нејзиниот коментар за „Вашингтон пост“ во 2018 година за домашно насилство од страна 58-годишниот глумец. Откако минатата есен го загуби случајот за клевета, Деп објави и дека од него е „побарано да поднесе оставка“ од франшизата „Фантастични ѕверки“ – данскиот актер Мадс Микелсен го замени на неговото место како Гринделволд. Како што пишува „Тајмс“, новиот филм на Деп – „Минамата“ нема да излезе во САД. Режисерот Ендрју Левитас го обвини дистрибутерот „МГМ“ дека подлегнал на притисокот и дека „личните прашања на глумецот не треба негативно да се одразат врз филмот“.
– Филмовите ги засегаат луѓето. И, ова влијае на сите оние што работеа на „Минамата“ и слични работи. И Холивуд ме бојкотира – мене? Еден човек, еден актер во непријатна и неуредна ситуација, која трае неколку години?, вели Деп.
Според него тоа е „апсурдна медиумската математика“.
Но, и покрај сѐ, минатата недела беше објавено дека Филмскиот фестивал во Сан Себастијан ќе му ја додели највисоката, „Доностија“ награда, на 22 септември. Деп, добива поддршка и од својата „база на обожаватели“.
– Тие (обожавателите) отсекогаш биле моите „работодавачи“. Купуваат билети, производи… Тие ги направија сите тие студија – богати, но овие тоа го заборавија одамна. Горд сум на тие луѓе, поради она што тие се обидуваат да го кажат, а тоа е вистината. Вистината што тие се обидуваат да ја откријат бидејќи веќе ја нема во „мејнстрим“ написите. Но, тие останаа на овој пат со мене и за нив ќе се борам. Секогаш, до крај! Што и да е!, вели Деп.
Ново на Сител
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување