Фудбал
11. May 2020 - 20:53

Џонсон дозволи рестарт на Премиер лигата

Англискиот премиер Борис Џонсон денеска го означи 12-ти јуни како датум кога би можело да продолжи премиер лигата но останатите спортски настани во земјата тешко погодена од пандемијата. 
Според најоптимистичкото сценарио  екипите во Англија би се вратиле на тренинзите на 18-ти мај според однапред подготвени протоколи и изготвен план и програма за доигрување од Премиер лигата. 
Во Англија  треба да се одиграат вкупно 9 рунди или вкупно со заостанатите – 92 средби. 
Доколку сезоната продолжи на 12-ти јуни би се играло во термините среда – сабота и се би се завршило во рок од максимум пет недели.  Со ова би се спасиле голем број клубови од финансиски колапс бидејќи ќе бидат исплатени телевизиските права во висина од една милијарда фунти. Да потсетиме дека Ливерпул  е убедливо прв на табелата и со овие натпревари ќе му се овозможи формално да ја обезбеди првата шампионска титула од формирањето на премиер лигата во која досега доминираше екипата на Манчестер Јунајтед. 
За разлика од Англија во Португалија повторно е под знак прашалник продолжението на сезоната откако дури 8 фудбалери од 4 клуба се тестираа позитивни на коронавирусот. 
Се работи за играчи на Бенфика, Гимараеш, Фамаликао и Беленензе.  По ова се очекува реакција на здравствените власти иако претходно фудбалската федерација најави рестарт на сезоната во последната недела од месец мај.