-->
-->
Џонсон: Има огромен напредок кон договорот за Брегзит
-->
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека има огромен напредок кон постигнување договор за Брегзит меѓу ЕУ и Велика Британија, пренесува весникот „Мајл од Сандеј“„Кога дојдов на функцијата сите зборуваа дека апсолутно не е можна никаква измена на договорот. Тие (лидерите на ЕУ) го сменија мислењето и како што гледате сега се води многу добар разговор околу проблемот како да се третира северноирската граница. Има огромен напредок“, рече Џонсон.
Еу и Велика Британија не можат да се согласат околу тоа како да го избегнат повторното воспоставување физичка граница меѓу Ирска, држава членка на ЕУ, и британската провинција Северна Ирска, по постигнувањето на Брегзит. Лондон ја отфрла безбедносната мерка која е вклучена во сегашниот договор, таканаречениот бекстоп, додека ЕУ смета дека е тоа неопходно бидејќи не постои друга веродостојна алтернатива
Бекстоп предвидува Велика Британија да остане во единствениот царински пазар со ЕУ доколку не се најде подобро решение за бекстоп по истекот на рокот одреден за преоден период.
„Ќе има многу работа до 17 октомври, рече Џонсон во освртот на последниот самит на ЕУ пред излегувањето на Велика Британија од Унијата, предвидено за 31 октомври. „Но, јас на тој самит ќе одам и ќе добијам договор, навистина имам надеж. А ако не добијам договор, е па ние на 31 октомври ќе излеземе“, додаде Џонсон.
Тој веќе ја отфрли идејата да бара тримесечно одложување на Брезгит, на што го обврзува минатонеделното гласање во британскиот Парламент, со кое се спречува излегување од ЕУ без договор.
Џонсон утре треба да се сретне со претсдателот на ЕК во заминување Жан Клод Јункер и европскиот претставник задолжен за Брегзит, Мишел Барние.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
