Џорџ Мајкл заработува пари и додека се одвикнува од дрога

Пејачот Џорџ Мајкл во моментов е во една од најскапите клиники во светот за лекување на зависност од дроги, во швајцарски Цирих.
- Нетрпеливо чека да се врати на музиката. Следната година ќе биде 30-годишнина од напуштањето на гурпата Wham и почетокот на соло кариера, изјави пријател на Џорџ Мајкл (52). Тој додаде дека пејачот, кој „тежи“ 150 милиони евра и не работејќи ништо, заработува по 5,25 милиони евра годишно, благодарение на приходите од авторски права и вештите инвестиции во музичката индустрија. Портпаролот на пејачот неодамна објави дека Мајкл ја победил зависноста и „сега е добро“.
- Гласините дека Џорџ се уште користи кокаин и крек и се уште не раскрстил со дрогата ги шири неговиот роднина со кој не разговара повеќе од 18 години, вели портпаролот. Пејачот од грчко потекло во 1998 година беше уапсен во Лондон заради блуд во јавен тоалет под дејство на дрога. Заради поседување на различни видови дроги затворен е три пати, а дрогиран предизвикал судар.
- Пушам се помалку „трева“, седум или осум џоинти, а некогаш пушев и до 20 дневно, рече Џорџ пред неколку години. Откако ја излекува зависноста, планира да објави нов албум и размислува за собирање на групата Wham и покрај тоа што неговиот последен албум од 2014 година е продаден во едвај сто илјади примероци.
Ново на Сител
-

Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски
-

Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5% во април, тоа е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее
-

Мицкоски за најавените преговори на ЕУ со Украина и Молдавија: Опозицијата во овие две земји не работи против своите граѓани и влади
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
-

СДСМ: Власта донесе катастрофа во земјоделството
-

Од денеска специјална лента само за МТАГ
