Спорт плус
9. March 2024 - 9:19

Џошуа со брутален нокаут го заврши Нгану | ВИДЕО

Британскиот боксер Ентони Џошуа (34) го нокаутираше камерунскиот шампион во ММА – Фенсис Нгану (37) во втората рунда од нивната борба во Ријад.

Нгану заврши на подот веќе во првата рунда, а потоа повторно во втората, само петнаесет секунди подоцна, борбата беше завршена.

Џошуа со силен удар со десната рака го „заспа“ Нгану, кој накратко изгуби контрола над нозете и телото.

Овој пат немаше одбројување, судијата веднаш ја прекина борбата.