Џулијани: Пресудата за Додик е јасен политички прогон
Рудолф Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, адвокат и пријател на Доналд Трамп, рече дека е јасно дека првостепената пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска е политички прогон.
„Кога ќе ја погледнете пресудата против (Милорад) Додик што имав можност да ја прочитам, иако не толку детално колку што би сакал, бидејќи немав толку време, јасно е дека тоа е дел од политичкиот прогон што го спроведуваат демократите на (поранешниот американски претседател Џо) Бајден и левичарите кои се наклонети кон комунизмот, луѓе кои не ја почитуваат слободата на говорот и постојано ја газат, а во исто време ги обвинуваат своите противници дека се неонацисти и фашисти. А, всушност, тие се оние кои ги прават фашистичките и неонацистичките работи“, рече Џулијани, кој беше во Република Српска во времето на пресудата на Судот на БиХ против претседателот Додик.
Како што додаде, овој случај се однесува на различното толкување на Додик на договорот со кој се регулира позицијата на Република Српска. Џулијани го нападна и Стејт департментот за пресудата против претседателот на Република Српска.
„И тогаш, неполни 24 часа по пресудата, американскиот Стејт департмент ја поддржа. Тие дури и не ја прочитаа како што треба, потоа изразија поддршка за Дејтонскиот договор. Ова е класичен пример за тоа што не е во ред со нашата надворешна политика и Стејт департментот со години“, рече Џулијани.
Тој, исто така, потсети дека Додик многупати им понудил соработка на сараевските политичари. „Тој често беше подготвен да соработува со Сараево, повеќе од некои други српски лидери кои се посилни застапници за независност или обединување со Србија. Бидејќи Србите се Срби, нели? Но, наместо да им дадат своја држава, идеолозите на Клинтон кои владеат со Америка и Западна Европа решија да создаваат проблеми. Наместо да поделат, тие ставија голем број Срби под контрола на муслиманските власти, во ситуација кога дури и процентот на муслимани како мнозинство е сомнителен“, истакна Џулијани.
Ново на Сител
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница