Џумхуриет: Маж на 20-годишна возраст го извршил нападот во Суруч
Извршителот на самоубиствениот бомбашки напад во турскиот град Суруч е 20-годишен маж, објави весникот Џумхуриет, повикувајќи се на прокурдски медиуми.
Во вчерашниот напад извршен во тој град во југоисточна Турција, населен главно со Курди, загинаа 32 лица и ранети се речиси 100.
Името на напаѓачот е Абрурахман Алаѓоз, роден во градот Адајаман во југоисточна Турција. Тој бил поврзан со Исламска држава. Мајката на Алаѓоз рекла дека Абрурахман и брат му пред шест месеци заминале во странство, наведува Џумхуриет.
Претходно, дел од турските медиуми јавија дека нападот го извршилаедна од припадничките на екстремистичката група Исламска држава, која заедно со уште две жени борци од Сирија преминале во Турција, стои зад самоубиствениот напад во Суруч, во кој, според најновиот биланс, загинаа 32, а ранети се стотина лица, пишуваат турските медиуми.
Генералниот директорат за безбедност во јуни предупреди дека три припаднички на ИД - Фадиме Курт, Езлем Јилмаз и Нурај Демирел, можат да изведат самоубиствен бомбашки напад во Турција, известува дневниот весник „Хабертурк“.
Ново на Сител
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин