Ѕирнете во домот на Лила: Украсен како од сликовница
Како што е редот за овој период од годината, социјалните мрежи вријат од празнични фотографии, а и нашите познати личности како и секоја година го покажаа амбиентот на местото каде им е срцето- домот.
Меѓу нив е и ТВ водителката Лила Филиповска, која дури специјално се дотера и таа како супер Баба Мразица, за да покаже како изгледа нејзината дневна соба, елката и новогодишните детали.
Сепак, тоа не и беше единствената цел, туку сакаше да ги мотивира и останатите за да бидат дел од проектот „Биди и ти нечиј Дедо Мраз“ од кој можете со подароци да ги направите посреќни дечињата кои живеат под социјален ризик, а Лила квалитетно се потруди за тоа.
– И јас сум една од многуте кои се дел од новогодишната среќа на дечињата кои живеат во социјален ризик. Затоа што сите деца заслужуваат среќа. Не е доцна да се приклучиш во проектот среќа и да бидеш и ти нечиј Дедо Мраз. Среќни празници!- напиша Лила.
Во продолжение погледнете ја празничната домашна магија на омилената македонска ТВ водителка.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца