ДЗС: Во првите четири месеци вредноста на извозот на стоки изнесува 2,739 милијарди долари
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 2 739 362 000 долари и бележи пораст од 53.7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 704 130 000 долари, што е за 46.8 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 964 769 000 САД долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
– Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), се вели во соопштението на ДЗС.
Во периодот јануари – април 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Ново на Сител
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Литванија и Малта со рекорден раст на туризмот во Европа во 2025 година
-

Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража
-

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег
-

Во општините Гостивар, Маврово - Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
