„Ѕвездено небо за Тоше“ - фан-клубот ќе промовира нова песна

Фан-клубот „Тоше Проески“ и Фондацијата „Тоше Проески“ вечер од 20 часот на плоштад „Македонија“ ќе го организираат музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше". На настанот ќе биде промовирана нова песна од Тоше, со наслов „Light the Flame“, која ќе биде најава за нов албум снимен во Лондон.
- Недостигаат зборови за да се опише среќата и задоволството кое го чувствуваме што ја добивме привилегијата и честа првпат ние, фановите, да промовираме нова песна од Тоше. И десет години по прераната смрт на Тоше Проески, пламенот кај неговите обожаватели не згаснува. Оваа манифестација се одржува на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел заедно да се присетиме на неговата музика и лик, но и да го создадеме легендарното „ѕвездено небо“ во негова чест, соопшти Фан-клубот „Тоше Проески“.
Од 2008 година „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше" се одржува секоја година на 5 октомври - датумот на кој Тоше во 2007 на Градскиот стадион во Скопје го одржа својот последен концерт, кој беше хуманитарен и наменет за подобрување на условите во образованието.
По 11 дена, на 16 октомври, Тоше Проески го загуби животот трагично, во сообраќајна несреќа на автопат кон Загреб. Загина на 26 години и во годината кога одбележуваше 10-годишен јубилеј успешна кариера.
Ново на Сител
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

Од Министерството за односи меѓу заедниците исчезнати 30 лаптопи, точено гориво без контрола, исплаќани плати без доказ за присуство
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
