ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД
Најголемото регионално талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ се враќа со нова сезона, нови кандидати, нови правила и многу изненадувања. И оваа сезона, забавувајте се со вашето омилено шоу во добропознатиот саботен термин. Следуваат вечери во кои најдобрите гласови од целиот регион ќе се обидат да ги освојат жирито и публиката, да ги покажат своите вокални способности на грандиозната Грандова сцена и да стигнат до престижната победничка титула.
Жирито и оваа сезона го сочинуваат најголемите балкански ѕвезди кои ќе ви приредат вечери за паметење со нивните уникатни дискусии и хумор. Светлана Цеца Ражнатовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Дара Бубамара, Сања Вучиќ, Драган Којиќ - Ќеба, Александар Милиќ - Мили и Ѓорѓе Давид, покрај оценувањето ќе имаат и важна менторска улога во развојот на кандидатите. Свои кандидати со својот тим ќе има и директорот на „Гранд продукција“, Горан Шљивиќ. Задачата на ова жири и овој пат нема да биде воопшто лесна затоа што за учество во најгледаното музичко шоу се пријавија неколку илјади кандидати од сите земји во регионот. Да се избере најдобриот е навистина голем предизвик не само за жирито, туку и за целата публика пред малите екрани. А во потрагата по најдобриот, и оваа сезона ќе нè води шармантната и добро позната водителска двојка Ана Севиќ и Милан Митровиќ, додека Воја Недељковиќ ќе биде врската меѓу кандидатите и жирито.
Пред нас е нова фантастична сезона исполнета со музика, емоции, жестоки дискусии и нови музички таленти. Затоа, бидете подготвени и сместете се удобно. На Ваше огромно задоволство - спектакуларни саботни вечери со најзабавниот регионален ТВ формат. „Ѕвездите на Гранд“ само на Сител.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
