Ѕвездите во САД го бојкотираат „Супербол“

Едни од најголемите музички ѕвезди во САД одлучија да го бојкотираат претстојното издание на „Супербол“. Повеќето од нив се приклучија на дел од локалните фудбалери, кои протестираат против полициската агресија, неправдата и насилството над афроамериканските граѓани во земјата.
Претходно Националната фудбалска лига (НФЛ) одлучи да го отстрани Колин Каперник од тимот на Сан Франциско Фортинајнерс. Тој не ја почитуваше химната на САД, откако клечеше за време на нејзиното спроведување пред натпреварите минатата година.
Групата „Марун 5“, како и раперот Тревис Скот не откажале учеството, но настанот наближува (3-ти февруари во Атланта), а протестите не запираат да натежнуваат на најголемото спортско шоу во Северна Америка.
Во моментов учество одбиле Ријана и Карди Би. Претходно Џеј-Зи одби да настапува во 2017-та поради истите причини, а според медиумите зад Океанот, тој се обидувал да го убеди Скот да го направи истото.
„Хедлајнери“ на настанот пак во минатото биле Мајкл Џексон, Ролинг Стоунс, Принс, Лејди Гага и Џастин Тимберлејк.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
