ЕЦБ ја зголеми итната помош за грчките банки

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска реши уште еднаш да го подигне нивото на висината на средствата за кредити по итна постапка за грчките банки.
- Управниот совет на ЕЦБ на телеконфернеција денеска го зголеми нивото на висината на средства за кредитите по итна постапка на 900 милиони евра, соопштија анонимни извори.
Електронското издание на германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, повикувајќи се извори во ЕЦБ, наведува дека се планира грчките банки да добијат дополнителни кредити во висина од една милијарда евра.
Според весникот, со ова зголемување, вкупната помош од ЕЦБ за грчките банки достигнува вредност од 90,5 милијарди евра.
ЕЦБ засега одби да ги комнетира информациите за одржаната телеконференција и за зголемување на помошта за грчките банки.
Ваквите најави од Франкфурт доаѓаат во време кога во грчкиот Парламент се води дебата околу вториот пакет-мерки кои се обврза да ги спроведе Атина со договорот со кредиторите.
Ново на Сител
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
