Еден работник почина, а вториот се бори за живот, откако се затруле во свињарска фарма во Свети Николе

Еден работник почина, а вториот се бори за живот, откако се затруле во свињарска фарма во Свети Николе. Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според првичните информации работниците се затруле од хемиска материја. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР-Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.
-Настанот во СВР-Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје, вели Панајотова.
Таа посочува дека телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации за оваа трагедија во свињарската фарма во село Амзабегово во Свети Николе се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
