Еден тешко и осум полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Едно лице е тешко повредено, а осум се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно седум регистрирани сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Две сообраќајки се со евидентирана материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала 26 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак. Од сообраќај се исклучени 16 возачи, двајца за возење под дејство на алкохол, а 14 возеле пред да се стекнат со право за управување со моторно возило. Санкционирани се и четворица возачи за поминување крстосница на црвено светло, и по двајца за неправилно престигнување и престројување
Исклучени од сообраќај се 11 возила со истечена важност на сообраќајна дозвола, технички неисправни, нерегистрини, претовар...
Поради непрописно паркирање со специјалното возило „пајак“ се подигнати 79 возила.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови