-->
-->
Еден убиен, еден повреден во вооружен инцидент во Мала Речица
-->
- Едно лице е убиено, а едно повредено во вооружен инцидент што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.
Како што потврдија за МИА од МВР, денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.
Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.
Приведени се две лица во врска со инцидентот.

Инцидентот, како што претходно јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
-

Мицкоски: Забрзано се спроведува реформската агенда што ја бара Брисел
-

Опозицијата предвидува тешка 2026 година и избори, премиерот одговори: Внимавајте што посакувате
-

Започна конзервацијата на фрескоживописот на црквата откриена над селото Банско
-

Инфлација под 3%, цените во маркетите под инспекциска лупа
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
