-->
-->
Еден убиен и шестмина повредени полицајци во престрелка во Јужна Каролина
-->

Еден полицаец е убиен и шестмина се повредени во престрелка што се случила во американската држава Јужна Каролина, а локалните власти соопштија дека осомничениот напаѓач е уапсен.
Полицајците биле нападнати во градот Флоранс при обид да спроведат налог за апсење. Локалните медиуми истакнуваат дека инцидентот се случил во богат кварт.
Напаѓачот се предал по преговори.
Повеќе претставници на американските власти, вклучително и претседателот Доналд Трамп, реагираа на престрелката.
- Моите мисли и молитви вечерва се со службата на шерифот на округот Флоранс и полициската управа на Флоранс, Јужна Каролина. Засекогаш сме благодарни за она што го прави нашата полиција 24/7/365, напиша Трамп на Твитер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
