Еден убиен во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери
Едно лице загина, а петмина се повредени во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери. Стрелецот се уште не е уапсен, соопшти полицијата во најнаселениот град во САД.
Инцидентот се случил на метро станицата во Бронкс вчера попладне по локално време, на почетокот на вечерниот шпиц, кога многу деца се враќаат од училиште, а луѓето се враќаат дома од работа.
Штом се отвориле вратите на метрото, напаѓачот отворил оган надвор, а на платформата имало многу луѓе. Пукањето се случило по тепачка меѓу две групи тинејџери во возот.
„Не веруваме дека ова било случајно пукање. Не веруваме дека ова лице пукало неселективно во воз или на станица“, изјави висок функционер на њујоршката полиција прес-конференција.
По стрелецот се уште се трага, но полицијата не ја исклучува можноста повеќе од едно лице да отворило оган. Убиениот има 34 години.
Четири од петте жртви се со тешки телесни повреди, но нивните животи не се во опасност. Меѓу повредените има 14-годишно девојче и 15-годишно момче, за кои се верува дека биле вмешани во конфликтот.
Останатите жртви се на возраст од 28, 29 и 71 година и најверојатно биле застрелани случајно. Криминалот во њујоршкото метро е редок.
Во април 2022 година, маж пукаше со пиштол во воз кој минуваше низ Бруклин, при што беа повредени 10 луѓе, што беше прво масовно пукање во подземната железница на Њујорк од 1984 година.
Ново на Сител
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
-

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе
-

ЦУК во координација со институциите: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица
-

Муцунски: Од земја која во минатото бараше помош, денес сме држава која ги штити своите граѓани и им помага на пријателите
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
