Свет
22. July 2023 - 19:12

Еден загинат и девет повредени откако пукнала цевка со врела вода во трговски центар во Москва

 – Едно лице загина, а девет се повредени кога пукнала цевка со врела вода во трговскиот центар „Сезони“ во Москва.

Спасувачките екипи трагаат по едно лице за кое се верува дека е заробено од излеаната топла вода на еден од катовите во трговскиот центар, јави ТАСС..

Руските спасувачки служби не ја исклучуваат можноста бројот на повредени да се зголеми.