Свет
24. May 2018 - 10:00

Еден загинат при експлозија на пиротехника во Шпанија

Едно лице загина, а 26 други, меѓу кои и седум деца, се повредени, при експлозија на приотехника во куќа во градот Туи во северозападниот шпански регион Галиција, соопшти локалната служба за вонредни состојби.

Според градоначалникот на Туи, Карлос Васкез, станува збор за пиротекника што сопственикот на куќата ја чувал во подрумскиот дел на неговиот дом.

- Тоа складиште било тајно. Не ни знаевме дека постои, нагласи Васкез. 

Регионалниот весник „Фаро ди Виго“ информира дека при експлозјата загинале најмалку четири лица, но според Службата за воонредни состојби, досега е потврдена смртта само на едно лице.