Еден загинат во сообраќајка на булеварот „Киро Глигоров“
– Едно лице загина во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров“. Друго лице, пак, е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје. Тие додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје. Тој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.
На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“.
Возилото „форд фиеста“ е пронајдено на бул „АСНОМ“. Извршен е увид и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот