Еден застрелан, друг избоден - Срби нападнати во Мајами
Еден Србин е застрелан, а уште еден избоден со нож во Мајами. Двајцата се во болница.
Нападот се случил околу 18 часот и 45 минути по локално време во престижен кварт во Мајами, кога засега неидентификувани напаѓачи на паркингот во трговски центар го нападнале Н.Р. и неговиот пријател, кои се враќале од пазарење. Мотивот бил грабеж.
„Носевме торби со купени работи кога неколкумина од нив не пресретнаа на паркингот, токму во моментот кога го отворивме багажникот. Бараа да им дадеме чанти и паричници, а кога не се согласивме, почна тепачка. Гледајќи дека работите нема лесно да дојдат, извадиле пиштоли и ножеви. Двапати ме удрија со пиштол одзади во главата, но возвратив, останувајќи на нозе. Потоа пукаа“ – изјави за српски Тајмс нападнатиот Н.Р.
„Едниот куршум ми помина низ левата нога, а другиот ја погоди коската на десната нога. Тогаш мислев дека ќе умрам затоа што изгубив многу крв, а не знаевме кога ќе дојде брзата помош. За среќа, брзо интервенираа – додал соговорникот во моментите додека лекарите во болницата го подготвувале за операција на десната нога.
„Болките се многу големи, чекам операција, но ќе ја истуркам, ние сепак сме Срби. Мојот другар се чувствува добро, моментално му интервенираат. Се надевам дека и двајцата ќе излеземе без последици“ – вели тој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
