Македонија
1. September 2015 - 8:52

„Еден живот една приказна“ победник на конкурсот „Ѓорѓи Котевски“

Ракописот на книгата „Еден живот една приказна“ под шифра „Светулки во глуво доба – 2015“ е победник на Конкурсот за необјавена книга раскази за наградата „Ѓорѓи Котески“ што втора година по ред го распиша Советот на Пелагонските културно-научни средби – Новаци.

Изборот го направи селектророт за наградата од пристигнатите ракописи. Се очекува авторот на наградената збирка раскази да се јави со печатен примерок од ракописот и да го потврди авторството.

Наградата се состои во печатење на книгата и нејзина промоција на Пелагонските културно-научни средби.