Еди Рама ненајавено отпатува за САД

Албанскиот премиер Еди Рама ненајавено отпатува во еднодневна посета на САД, јави дописникот на МИА.
Според извори од Владата, причина за итното заминување на Рама за САД е смртта на неговиот близок пријател Артур Фанкелстен.
Но, бидејќи Фанкелстен почина во месец август, албанските медиуми оценуваат дека тоа е само алиби за заминувањето на Рама за САД и посетата ја поврзуваат со последната изјава на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу за криминалот во Албанија.
Пред два дена Лу предупреди дека во Албанија дејствуваат четири криминални кланови, контролирани од 20 криминални семејства, кои се занимаваат со одгледување и дистрибуирање на дрога, трговија со луѓе, уцени, кражби на автомобили и перење на пари.
Иако во запирањето на производството и дистрибуцијата на канабис е постигнат одреден напредок, сепак, според американскиот дипломат, најголемиот предизвик на Албанија се уште е борбата против организираниот криминал.
- Се додека „големата риба“ не биде уапсена и ставена во затвор, постои опасност повторно да се вратат проблемите со производство и дистрибуирање на канабис, нагласи Лу.
До сега нема никаква реакција од Владата во врска со изјавата на американскиот амбасадор.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
