Единаесет американски држави ја тужат Владата на САД поради директивата против дискриминација на студентите
Единаесет американски држави ја тужат администрацијата на Барак Обама поради директивата против дискриминацијата на транссексуалните ученици и студенти, пренесува БТА.
Директивата ги обврзува државните образовни институции во САД да им овозможат на транссексуалните ученици и студенти да ги искористат оние тоалети и соблекувални, кои одговараат на половата припадност која тие лично ја избрале.
Владата на САД го нареди тоа, откако Северна Каролина усвои закон кој наложува тоалетите во училиштата да се користат според полот по раѓање.
Тужбата беше поднесена денеска од страна на Тексас, Оклахома, Алабама, Висконсин, Западна Вирџинија, Тенеси, Мејн, Аризона, Луизијана, Јута и Џорџија.
Овие држави се обратија до федералниот суд во Северен Тексас со барање да се прогласи директивата за незаконска.
Тужителите ги обвинија федералните власти дека се обидуваат да ги претворат училиштата во лаборатории за социјални експерименти од голем опсег, и дека дејствуваат директно врз здравиот разум на децата и правилата за нивна заштита.
Ново на Сител
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ