-->
-->
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-->

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. - Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес, информираат од ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
