Единаесетмина повредени при обид за бегство на мигранти од камп во Шпанија
Десетмина шпански полицајци и еден Алжирец се повредени, при судири до кои дошло кога поголема група мигранти се обиделе да побегнат од мигрантски камп во реонот на Мадрид.
Како што соопшти шпанската полиција, инцидентот се случил кога група од околу 80 мигранти по потекло од Алжир, се обиделе да побегнат од кампот каде биле сместени до завршување на постапката за нивна депортација од Шпанија.
Во август од истиот камп побегнаа 13 мигранти, кои требаше да бидат депортирани. Шпанската полиција успеа да пронајде само петмина од нив.
По затворањето на италијанските пристаништа за прием на мигранти кои се бродови се обидуваат од Африка да стигнат до Европа, се зголеми приливот на бегалци во Шпанија. На мигрантите кои потекнуваат од т.н. безбедни земји, меѓу кои е и Алжир, им се одбиваат барањата за азил и властите ги сместуваат во кампови до завршувања на постапката за нивна депортација, која трае и до 60 дена.
Ново на Сител
-
Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати
-
Владина делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон - јакнење на билатералните односи со САД и афирмирање на земјава како стабилен партнер
-
Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк