Една година без Давиде Астори
Денеска, 4 март, се одбележува тажна годишнина во светот на фудбалот. Пред само една година, јавноста беше потресена од веста за смртта на Давиде Астори.
Капитенот на Фиорентина почина во сон по срцев удар за време на кампот со тимот пред дуелот со Удинезе часови подоцна.
Астори беше меѓу најомилените фудбалери од соиграчите и ривалите, но почина во момент во кој беше на врвот во својата кариера. Астори беше лидер на „виолетовите“ и честопати беше повикуван во националниот тим на Италија.
Неговата смрт пред година доведе до одложување на сите дуели од Серија „А“ и Серија „Б“, а Фиорентина и неговиот поранешен тим Каљари го повлекоа од употреба дресот со бр.13, со кој Астори играше.
Во текот на викендот, екипите во Италија му оддадоа чест, откако во негов спомен на сите натпревари од Серија „А“ беше исполнет аплауз 13-тата минута.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ФЗОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура