-->
-->
Една година затворска казна за Ди Марија
-->
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија е осуден условно на 12-месечна затворска казна, откако признал дека затајувал данок во периодот од 2010 до 2014 година додека го носеше дресот на „кралскиот клуб“.
Шпанските даночни власти го обвинија Аргентинецот дека затаил данок во износ од 1,3 милиони евра. Пред судот тој ја признал вината, поради што е осуден на 12 месеци затвор, а покрај тоа ќе мора да плати два милиони евра.
Инаку, Ди Марија нема да оди в затвор, бидејќи тоа му го овозможува шпанскиот закон. Според шпанскиот закон, доколку казната е помала од две години и доколку лицето не е осудувано, тогаш не мора да оди на издржување на казната.
Слично мина и сонародникот на Ди Марија, Лионел Меси кој пред неполни два месеци беше осуден на казна затвор во траење од 21 месец.
Покрај Ди Марија, обвинителството поради затајување на данок пред судот поднесе обвиненија против Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
