Една од најубавите жени на светот го запросила своето момче: Tој рекол „не“
За разлика од многу жени кои со месеци чекаат партнерот да ги запроси, англиската актерка Кели Брук решила “да ги земе работите во свои раце“.
Таа ја прекршила традицијата, која наложува дека мажот треба да го постави судбоносното прашање, и го запросила своето момче Џереми Парис, а тој ја одбил.
Актерката за која научниците тврдат дека има најсовршено тело на светот, во интервју за „ОК“ магазинот раскажа како после прашањето, ја замолчел и ја замолил тоа да не го прави во јавност.
„Додека бевме во Антигва, гледајќи го заоѓањето на сонцето го прашав Џереми дали сака да ме ожени’, но тој рече да бидам тивка бидејќи има луѓе околу нас“ – открила таа.
Убавата актерка потоа објаснила дека иако сака да има деца, тие се уште не и се приоритет во нејзиниот живот.
„Па, што ако немам деца, не е крај на светот. Го сакам својот живот и ќе мора да се откажам од многу работи за да имам деца, затоа и не ми е тоа приоритет“ – изјавила актерката и истакнала дека и жал што не се остварила во улогата на мајка додека била помлада.
Актерката Кели Брук и нејзиното момче, италијанскиот манекен и фитнес тренер, Џереми Парис, заедно се околу две и пол години, а во контакт стапиле откако Кели побарала од него совет за вежбање.
Тие во повеќе наврати во медиумите зборувале за тоа дека прво се слушнале преку Скајп, шест месеци пред да се сретнат.
Ново на Сител
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп
-
Во судирите во Амстердам повредени 10 израелски навивачи, Нетанјаху испрати спасувачки авиони
-
ЦУК: Изминатите 24 часа - 10 пожари на отворено, еден сѐ уште активен
-
Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците
-
Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија