-->
-->
Една тешка и една лесна победа за Ѓорческа на фјучрс во Италија
-->
Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа по голема борба во маратонски меч што траеше три часа и 32 минути во првото коло на фјучрсот во Санта маргерита ди Пула во Италија (награден фонд 25.000 долари) ја победи романската тенсиерка Елена Габриел Русе со 2-1 во сетови. Нашата тенисрка ја искористи ја искористи четвртата меч топка во тај брекот, а успеа да спаси една во претходниот гем.
Првиот сет Ѓорческа го доби со 7:5 во гемови, а во следниот сет Русе возврати со истиот скор во гемови. Во решавачкиот сет беше 7:6 за Ѓорческа и 9:7 на поени. Двете тенисерки имаа по 8 брејка, а Русе имаше 13 двојни сервис грешки наспроти 3 на Ѓорческа. Во следното коло противничка на Ѓорческа (трета носителка) ќе и биде Анастасија Грималска од Италија (288 место на ВТА листа).
Во конкуренција на двојки нашата тенисерка со Анастасија Комардина од Русија се рангирани како први носителки и во четвртфиналето со само еден загубен гем ги победија тенсиерките од Италија Алиса Балдучи и Анастасија Грималска со 6:1 и 6:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток