-->
-->
Една жена почина, а три лица се болни од лишманиоза во Штип
-->
Почина 65 годиншна пензионерка од Штип од тропската болест лишманиоза, потврдуваат од Центарот за јавно здравје-Штип.Епидемиологот, Александра Србиновска вели дека состојбата со оваа болест е загрижувачка и тоа во 21 век. Во изминатите три месеци, посочува, дијагностицирани се и три нови случаи на лишманиоза, кај две деца и еден возрасен маж.
-Ова заболување не се лечи со антибиотици, значи еден случај треба да не алармира. Ние сега имаме заболен човек, кој што е 49 години и две деца, едното е шест, а второто една година. Ова заболување ако не се забележи навреме и не се лекува може да биде смртоносно и ги напаѓа сите органи. Имаме и еден смртен случај, вели Србиновска.
Таа додава дека резервоар на оваа болест се кучињата, а мушичките се тие кои од кучињата ја пренесуваат на луѓето.
Србиновска нагласува дека инкубацијата е над шест месеци, во завинсот од имунитетот на заболеното лице, а сипмтомите се малксаност, болка, анемичност, зголемуавње на јетрата и слезинката
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
-

За повисоките плати, универзитетските професори ќе мора да испорачаат подобри резултати
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
