Една жртва во земјотресот во Мексико
Најмалку едно лице загина во силниот земјотрес што го погоди централниот пацифички брег на Мексико, јави ДПА.
Јачината на земјотресот била 7,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Геолошкиот институт на САД, додека Мексиканскиот сеизмолошки институт измери јачина од 7,4.
Центарот на земјотресот бил југоисточно од градот Аквила во Мичоакан на мексиканскиот брег на Тихиот Океан.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор соопшти дека едно лице загинало во пристанишниот град Манзанило во државата Колима.
Нема првични извештаи за штети, соопштија мексиканската цивилна одбрана, градоначалничката на Мексико Сити Клаудија Шејнбаум и Лопез Обрадор. Сепак, официјалните лица сè уште ја проценуваат ситуацијата во различни региони.
Телевизискиот канал Телевиса јави дека има материјална штета додавајќи дека некои згради се во опасност.
Ново на Сител
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
-

Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката Драчево
-

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември
-

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен
-

51-годишна Србинка „летала“ со 168 км/ч на патот Демир Капија – Гевгелија, уапсена на Табановце
