Едно лице потешко, а 28 полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Еден велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а 28 лица со лесни телесни повреди во 18 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 16 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје се исклучени 76 возачи кои се движеле со погоелма брзина од дозволената, 49 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 39 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, седум возачи почетници и 38 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се издадени 141 казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 99 возила.
Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување, еден возач за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница.
Санкционирани се пет возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, тројца возачи на неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“